EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Исхрана Свет

Русинка го тужи „Мекдоналдс“ поради билборд што ја намамил да го прекрши постот

Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила предвелигденскиот пост бидејќи билборд на „Мекдоналдс“ ја намамил да купи чизбургер и поради тоа ќе го тужи американскиот синџир на ресторани за брза храна.

Како што соопштил подносителот на жалбата пред судот во рускиот град Омск, Ксенија постела во текот на седумнеделниот предвелигденски пост.

 

Во април 2019 година, на средина на постот, Ксенија шетала по улицата Карл Маркс каде наишла на билборд со реклама на „Мекдоналдс“ за чизбургер и „чикен мекнагетс“.

Таа тврди дека рекламата ги нарушила нејзините религиозни чувства и ја намамила да купи чизбургер, со што го прекршила постот за првпат во последните 16 години.

– Во тој момент постев околу еден месец. Кога го видов билбордот, не можев да одолеам и отидов да купам чизбургер, навела Овчиникова во тужбата.

Русинката бара морална компензација од 1.000 рубли (13,5 долари) од популарниот синџир ресторани.

Од друга страна, од Руската православна црква велат дека Ксенија треба да бара прошка од Бога, а не компензација од „Мекдоналдс“.

„Ѝ советуваме да оди да се исповеда, а не на суд“, порачуваат од црквата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Овој напиток докажано го намалува високиот холестерол

Angela

Падна првиот снег и во Хрватска

Angela

Железото и вашето здравје

Angela