EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Русија го снима првиот филм во Вселената

Русија денеска треба да лансира глумица и филмски режисер во Вселената. Целта е – првиот филм снимен во Земјината Орбита. На Земјата се враќаат на 17 октомври.

Јулија Пересилд и филмаџијата Клим Шипенко се очекува да полетаат од космодромот Бајконур во Република Казахстан. Предводени од космонаутот Антон Шкаплеров, тие ќе патуваат со вселенскиот брод „Сојуз МС-19“, како дел од 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) – снимање сцени од филмот „Предизвик“.

Ако тоа биде успешно, рускиот екипаж „ќе ги претрка“ своите американски „соперници“ кои најавија сличен потфат со Том Круз, НАСА и „Спејс-Икс“ на Илон Маск.

Режисерот го нарече својот филм – „експеримент“.

– Некои работи ќе успеат, а некои не!, призна Шипенко.

Во полза на угледот, инаку, и во обид да ги зголеми своите приходи, Русија најави дека овие години ќе ја оживее својата програма за вселенски туризам. По повеќегодишна подготовка, Русија ќе испрати двајца јапонски туристи, меѓу кои и милијардерот Јусаку Маезава, на МВС, во декември, со што ќе се заокружи годинава на туристички патувања во Вселената.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто треба да јадете лимон секој ден?

Angela

„БОЛИ ГЛАВА ОД ЦЕНАТА“ – Дара Бубамара чекаше шест месеци за да го има ова во гардероберот, ниту вие нема да верувате колку пари е! (ФОТО)

Angela

(ВИДЕО) Хеликоптерите кои го гаснат пожарот во Пехчево полнат вода од браната во Берово

Angela