EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Руски психолог предупредува: Јасни сигнали дека сопругот не ве сака

Препознајте ги сигналите кои укажуваат дека работите во бракот не функционираат како што треба.

Познатиот руски психолог Ана Кирјанова издвои шест очигледни сигнали кои укажуваат дека сопругот не ве сака.

Не ве сака ако не ве прегрнува спонтано, не разговара со вас за ситници, не ви се јавува за да ве слушне како сте во текот на денот.

Не ве сака ако не може да сметате на неговата помош, кога мора да се грижите за него како да е дете од 5 години, а не маж од 45 години.

Не ве сака кога ви се потсмева, кога не ве забележува ниту вас, ниту трудот и работата што ја правите. Кога ви кажува дека јадете премногу или дека не ја јаде храната што ја готвите бидејќи е навикнат на друга.

Не ве сака кога постојано ви се меша во тоа што го работите или правите, неговите одлуки ги подметува како ваши, кога ви вели дека зборувате глупости, дека не размислувате со свој памет, дека сте глупава ако мислите така.

Не ве сака кога ви вели дека вие сте виновна. Не ве сака кога не го одобрува тоа што правите или зборувате.

Не ве сака бидејќи секое „те сакам“ мора да го молите од него.

Ако сопругот не ве сака, со текот на времето може да станете несреќна, скршена, плашлива, непривлечна жена бидејќи тоа се случува со жената која има недостиг на љубов во животот, смета психологот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп (03.12.2021)

Angela

Јунешкото од 390 се качи на 510 денари за килограм, а свинското е поскапено за 20 отсто

Angela

Абортирало 13-годишно девојче од домот „25 Мај“, кое повеќепати било силувано

Angela