EXCLUSIVE MK
Занимливости

Сакал да седне до девојка во празен автобус, а сега цел свет му се смее (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка од разговор меѓу девојка и момче кој се обидел да седне до неа во празен автобус.

Видеото од нивната расправија стана вирален хит откако беше објавено на „Тик Ток“ каде што е прегледано 4,3 милиони пати, а луѓето ја фалат девојката за начинот на кој се соочила со него.

Видеото започнува така што девојката му вели дека неговото однесување е „чудно“ бидејќи одбива да прифати дека не е во право.

„Буквално избра да седиш веднаш до мене во празен автобус, тоа е чудно. Не се ни познаваме“, му вели таа, очигледно фрустрирана од неговото неразбирање. Момчето не отстапува и ја прашува зошто е чудно да седи покрај тотален странец.

„Не доаѓам во автобус за да почнам да излегувам со некого“, остро одговара таа и додава: „Во автобус сум за да стигнам од А до Б. Не доаѓам да почнам да разговарам со…“, туку тогаш типот се налутил и почнал да и вели „ќути“.

@ceowally Who goes and sits next to a woman whos on her own seated on a empty bus? THE AUDACITY #fyp #ukbus ♬ original sound – Wally‍

Откако видеото стана вирално, тиктокерите ја пофалија девојката што се бранела.

„Таа е во право. Не форсираш муабет со некој што очигледно сака да остане сам“, напишал еден тиктокер, додека друг се согласил: „Сепак е во право, празен автобус и доаѓаш да седиш до мене… Зошто?!”

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Јапонците им бараат брачни партнери на своите деца

Angela

„Чудовиште“: Зграда со 10.000 луѓе

Angela

Едноставен трик како цвеќето да ви трае што подолго: Се што ви треба се коцки мраз

Angela