EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина Убавина

Сами направете си гел за туширање

Имате сува и испукана кожа? Постојано ја мачкате со скапи лосиони за тело, ама нема подобрување? Причини за сува кожа има многу, но некои од нив се сигурно поврзани со употребата на геловите за туширање.
Честопати иако на амбалажата пишува дека тие содржат мед или млеко, од овие продукти нема ни трага во составот на гелот за туширање.
Затоа можете сами да си направите гел за туширање на следниов начин. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:

Мед – медот е познат по бенефитите што ги има за кожата, првенствено за нејзина хидратација. Поради антибактериските особини, помага полесно да заздрават инфекциите на кожата. Можете да користите и органски мед за максимален ефект.

Маслиново масло – Користете органско масло за прихранување на кожата.

Течен сапун – Потребен е за гелот ефикасно да ја чисти кожата.

Етерични масла – Изборот на етерични масла е голем. Користете рузмарин или мента за антибактериски ефект или обидете се со лаванда за смирувачки ефект. Во секој случај додавањето етерични масла му дава пријатна арома на гелот за туширање. Само внимавајте, не додавајте голема количина, туку само неколку капки.

Метод за приготвување
Измешајте го маслиновото масло со етеричното масло што сте го одбрале. Потоа измешајте ги сите состојки во стаклен сад. Користете голема лажица за добро да се соединат состојките. Чувајте го гелот во затворена стаклена тегла на темно и ладно место.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Што сѐ е штетно при пушењето цигари и вдишување чад од тутунот

Angela

ВИДЕО: Само она има храброст да облече вакви бикини -сите на плажа гледаа во Сораја

Angela

Чудотворен напиток кој се подготвува со само 2 состојки

Angela