EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Само за мрзеливите: трикови за вашата кујна секогаш да биде блескава

При целосното чистење на домот, најмногу време секогаш знае да одземе кујната, чие чистење може да биде навистина сложено, но и непријатно. За таа цел, денес ви откриваме практични и лесни трикови како да ставите крај на овој проблем.

Како брзо и лесно да ја исчистите кујната, без многу труд

1. Наместо да мора да купувате нов џогер или постојано да чистите со стариот и веќе нефункционален, на истиот само одозгора вметнете памучни чорапи, со кои ќе обновите неговата практичност.

2. За лесно да го исчистите садот за печење од остатоци од тесто, едноставно врз неговата површина нанесете сол, а потоа избришајте со хартиена крпа.

3. Колку и чудно да звучи, но блескавоста на шпоретот може многу брзо да ја вратите со помош на крпа потопена во масло, а потоа само избришајте со сува крпа и готово.

4. За да ги исчистите масните дамки од било вашиот мебел, едноставно употребете раствор од 1 супена лажица сода бикарбона, 2 супени лажици оцет и 1 супена лажица прашок за перење, растворени во мало количество на врела вода. Нанесете го растворот врз дамката, повторно нанесете малку сода бикарбона и потоа исчистете со правосмукалка.

5. Сте заборавиле да ја кренете тавата од оганот? Без грижи, едноставно исипете врела вода во садот, додадете 1 шолја оцет и оставете ја смесата да се вари. Потоа исклучете ја ринглата и додадете 1 супена лажица сода бикарбона. Штом ќе настане реакција, излејте ја течноста и отстранете ги остатоците со сунѓер.

6. Стаклените чаши ќе добијат блескав изглед доколку ги измиете со растввор од вода и оцет, а потоа ги исплакнете со ладна вода.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Криза за вода на Блискиот Исток, инвестиции за отсолување на морската вода

Angela

„Радио метроном“ ја отвора Неделата на франкофонскиот филм

Angela

Турист не ја препознал кралицата: Ја прашал дали ја знае Елизабета, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Angela