EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Само свекрва ми прави компири на овој начин: многу вкусно..

Кога првпат го видов овој рецепт кај свекрва ми на гости, помислив дека јадам уштипци, оние класични пржени. Но, забележав дека тестото беше многу меко од внатре, а крцкаво од надвор, а за разлика од класичните уштипци ова тесто беше целосно шупливо од внатре како некој да го испразнил од вишокот разлеано тесто.

Кога ја прашав свекрва ми за рецепт, таа ми рече дека главната состоја се компири. На почетокот ми беше чудно, но потоа ми рече дека маж ми многу ги сакал уште кога бил дете и ова му било едно од омилените јадења. За подготовка ќе ви бидат потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 средни компири (300 г), 1 мала лажичка сол, 1 јајце, 1 чаша од водата, 200 мл каде што се готвеле компирите, 1 мала лажичка сув квасец (7 г), 1 мала лажичка шеќер, 450-500 г меко брашно, масло за готвење.

ПОСТАПКА: Компирите излупете ги од лушпата и добро измијте ги под млаз вода. Пред да почнете со подготовка, доколку имате време оставете ги да се киснат во водата минимум половина час. Исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги да се варат во тенџере во кое сте ги покриле со вода.

Варете ги додека да омекнат во внатрешноста, а тоа може да го проверувате со виљушка со повремено боцкање. Потребно е да се варат околу 30 минути, но може и помалку. Потоа процедете ги од водата, но зачувајте 1 чаша од неа, не ја фрлајте.

Со рачен блендер или со виљушка испасирајте ги компирите во пире без грутки. Потоа додајте 1 лажичка сол, 1 јајце, 1 чаша од водата во која се вареле, која ќе направи смесата да биде уште покремаста. Потоа додајте го квасецот и 1 мала лажичка сув квасец.

Измешајте во еднолична смеса, па на крајот додајте го брашното. Прво додајте 450 г брашно, па доколку е потребно при замесување на тестото може да додавате постепено и останатите 50 г.

Замесете фино и меко тесто, нелепливо под прсти, а кога ќе го замесите во садот каде што ги соединувавте состојките, додајте уште 1 супена лажица масло и уште малку премесете го. Покријте го со памучна крпа и оставете да стаса 30 минути.

Потоа извадете го од садот и ставете го на работна површина. Ако е потребно замесете го уште малку, а потоа поделете го на 12 еднакви делови и секој дел формирајте го во топче. Топчињата ставете ги на кујнска дрвена даска и покријте ги со крпа, па оставете ги да отстојат 15 минути уште малку да стасаат.

Во меѓувреме загрејте масло околу 1-2 прсти во тавче и секое топче спуштајте го во маслото да се пржи додека да добие златна боја од едната страна и потоа превртете го да се испржи на истиот начин и од другата страна. Пржените крокети вадете ги на чинија со хартија за печење за малку да се исцедат од маслото и послужете ги топли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Angela

Интересни факти за солта што можеби никогаш не сте ги чуле

Angela

Сеферовиќ го постигна најбрзиот гол во историјата на Лигата на Нации 🎥

Angela