EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Санкционирани 86 возачи на територијата на Скопје

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 86 мерки во областа на сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

– Од вкупниот број санкции, 17 се за брзо возење, десет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири за непрописно престигнување и обиколување, соопшти МВР.

Од Министерството информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел побезбеден сообраќај.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Со летното сметање на времето стартува и летниот ред на летање

Angela

Шарл Мишел ќе ја посети Македонија

Angela

Од попладне промена на времето и пад на температурите

Angela