EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Сателитите на Албанија испраќаат слики и геопросторни информации

Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ беа лансирани на 3 јануари оваа година од Кејп Канаверал на Флорида, како дел од мисијата „Транспортер 6“ на американската компанија „Space X“, сопственост на Илон Маск.

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, изјави дека најмалку четири дена во неделата тие добиваат слики од сателитите, кои понатаму се предадени на Агенцијата за геопросторни информации.

Според него, тие можат да се дадат и на приватни компании кои за тоа ќе покажат соосветен интерес, но најпрвин најави дека ќе се изгради процедура за такво нешто.

Медиумите шпекулираат со сума од шест милиони долари која била инвестирана во оваа мисија за лансирање на двата сателита.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Новите мерки за невакцинираните во Грција ќе важат и за туристите

Angela

Првиот снег направи хаос во Австрија

Angela

Санкционирани 86 возачи на територијата на Скопје

Angela