Но, за другите, тоа не значи дека не можат или не мора да уживаат во сексот. Едноставно, маратонскиот секс не е добра идеја за вас, но не се сомневаме дека ќе смислите некое имагинативно решение кое ќе ви одговара.
БИК
Биковите сакаат нежност и допири, па не е чудно што имаат силно либидо. Без разлика дали сте во долга врска или во договор за секс за една ноќ, можете да сметате на секс со часови со некој роден во знакот на Бик. Сензуалноста е многу важна за Бикот, па сексот со нив е полн со бакнежи, сензуални допири и романтични движења. Сексот со нив е како освојување за кое долго се зборува.
ЛАВ
Отворени се и склони кон флерт, што ги прави многу популарни во друштво. Ужасно им е тешко да одолеат (и го знаат тоа) и со тоа уште повеќе знаат да го возбудат партнерот и да владеат со светот. Нивната страст за животот и љубовта само го зголемуваат нивното либидо, правејќи ја ноќта пострасна како што одминуваат часовите. Покрај тоа, Лавовите се многу талентирани и креативни во кревет, а сакаат и да пробуваат нови пози. Никој нема да го каже дека имал здодевен секс со некој роден во знакот Лав.
СКОРПИЈА
Упорноста е она што е привлечно кај Скорпијата – тоа е единствениот знак кој „агресијата“ ја врти во своја корист кога е сексот во прашање. Добро се познати по високото либидо, па секој друг знак сака да се плетка со нив. Животното мото на Скорпијата е да го искуси животот до крај, а тоа вклучува секс додека и двајцата не се целосно задоволни. Страста на Скорпијата во кревет трае цела ноќ, а партнерите знаат дека нема да бидат разочарани.
СТРЕЛЕЦ
Најважно им е убаво да си поминат, што ги прави забавни кога е сексот во прашање. Енергијата на Стрелецот ги привлекува луѓето затоа што секој би сакал да се „храни“ со нивното расположение. Во кревет се ентузијасти и секогаш пробуваат нешто ново. Силното либидо им овозможува долгорочен секс, а ќе се погрижат да биде незаборавен. Покрај тоа, Стрелците се дарежливи, па сексот со нив е секогаш несекојдневно искуство.
ВОДОЛИЈА
Благодарение на дружељубивоста ги привлекуваат другите. И знаат што е потребно за да го задржат интересот на партнерот. Способноста да се поврзат со различни луѓе само ги прави уште поинтересни. Без разлика дали се во долга врска или само авантура, сексот со Стрелец е сè само не обичен. Секогаш бараат нешто ново во спалната соба (вклучувајќи разни игри), а нивното моќно либидо ги држи партнерите заинтересирани одново и одново.
За оние, пак, кои можат да се пофалат со издржливост, понекогаш единственото нешто на што мислат е секс, секс и секс. Подготвени се да пробаат нешто ново со партнерот – почесто од другите (за да го направат секси викендот уште повозбудлив). Најдобар начин да откриете како им успева да имаат секс по цели ноќи? Или почнете да набивате кондиција или побарајте секс партнер во еден од овие 5 хороскопски знаци.