EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

„Село гори, Северина се чешла“: Со дрско оправдување не доаѓа на суд, еве каде ужива додека бега од рочишта

Северина Вучковиќ (51) имала дури две закажани рочишта во Хрватска со таткото на нејзиниот син, Милан Поповиќ, но таа отпатувала во Рим и како оправдување дала чудна причина да не се појави пред судот, а тоа е дека еден од најголемите гитаристи на сите времиња ја поканил на концерт.

Легендарниот Брус Спрингстин (73) одржа концерт во Рим, а пејачката која сакаше да присуствува отиде со синот. Северина изминативе денови го посети Рим, од каде објави голем број фотографии и снимки, а сега се дозна дека додека се шетала низ италијанската престолнина имала и две закажани рочишта со Милан Поповиќ во граѓанскиот суд во Загреб.

Сепак, како што пренесуваат хрватските медиуми, нејзиниот менаџмент испратил писмено известување до судот дека Северина била поканета како гостин на концертот на Брус Спрингстин, поради што не можела да присуствува. Сепак, Севе беше само гостинка во публиката како и сите други.

Инаку, последен пат Северина се појави на суд, како што е познато, на почетокот на април на рочиште за обвиненијата за наводно семејно насилство. Таа во последните месец и половина требаше да се појави на суд за постапка со наставничката на нејзиниот син Александар, во која наставничката бара од пејачката отштета од нешто помалку од 10.000 евра, но тоа рочиште беше одложено.

Северина си “заработи“ и кривична и прекршочна пријава, поради што се брани од обвиненијата пред тие судови, а редовна е и во граѓанскиот суд во Загреб поради бројните постапки што се водат во битката за старателство на малолетното дете меѓу Поповиќ и неа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Цеца како жешка црвенокоса: Многумина нема да ја препознаат пејачката во вакво издание (ФОТО)

Angela

Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами

Angela

Крвта не е вода: Братот на Лепа Брена во музичките води заплови пред неа, а еве како изгледа (ФОТО)

Angela