Штом дојде септември веќе можеме да се збогуваме со летото, но тоа не значи дека тој не ни носи убави моменти. Годишните времиња доаѓаат и си заминуваат, а нашите животи се менуваат. Месец септември почнува со практичната енергија на Девиците, кои се знак поврзан со логиката, деталите и хигиената. Оваа сезона носи реални мерки кон подобрување на нашиот живот, а со сезоната на Вагите на 23 септември и почетокот на есента време да ги собереме плодовите од нашата напорна работа.
Септември носи оптимизам и убави моменти за три знаци.
Девица
Ова е ваш месец, а вие ќе испробате многу нови работи. Сонцето ќе престојува во вашата прва куќа на себеси, носејќи ви самодоверба, храброст и желба за подобрување. Уран дополнително ви носи и волја да се втурнете во нови авантури и ви носи можности кои претходно не би ги прифатиле така лесно. Иако многу работи би можеле да станат хаотични околу ретроградниот Меркур на 27 септември, сепак тоа е време да се осврнете кон себеси.
Вага
Постојат многу нешта кои ќе ви донесат оптимизам овој септември. Вашата планета Венера ви носи љубов, убавина и уживање околу 10 септември, а четири дена подоцна кога Марс влегува во вашиот знак на 14 септември, во себе ќе чувствувате силна страст, самодоверба, но и сигурен знак дека имате поддршка од универзумот. Само бидете внимателни околу 27 септември кога Меркур го започнува своето ретроградно движење. Можно е да се чувствувате збунети, но прифатете ги промените кои ви ги носи овој транзит.
Шкорпија
Ова не е ваш месец и ваша сезона, но сепак многу нешта ќе ви донесат убаво чувство во текот на септември. На 10ти, Венера влегува во вашиот знак во вашата прва куќа на себеси кога ќе се чувствувате сакано, неодоливо и посакувнао од другите. Ќе бидете фокусирани на убавината и на слатките нешта во вашиот живот, без оглед на тоа што е она што ве прави среќни. Ќе им се допаѓате на другите, лесно ќе се поврзувате со нови луѓе, а можна е шанса и за нова романса. Уживајте во првиот месец од есента.