EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Серхио Рамос го прозва Илон Маск

Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос, го нападна Илон Маск дека вовел плаќање за сината ознака на Twitter бидејќи смета дека американскиот милијардер треба да прави многу попаметни работи.

Пред Маск да ја купи популарната платформа, сината ознака за потврда на идентитетот беше знак за верификација која Twitter ја нудеше бесплатно.

Сината ознака се користеше како алатка за автентикација, дизајнирана да помогне да се запрат лажните профили и ширењето на дезинформации. Но, Маск одлучи да почне да ја наплаќа услугата, а месечната претплата на синиот знак сега чини околу 8 долари.

Оние кои имаа верификувани профили и избраа да не плаќаат претплата на Twitter ги загубија своите сини ознаки на 20 април.

И Рамос мораше да плати за синиот знак, па веднаш го критикуваше Маск бидејќи смета дека треба да посвети повеќе внимание на отстранувањето на негативноста од Twitter.

„Илон Маск, елиминирањето на ознаката, принудувањето на луѓето да плаќаат за таа услуга и заработувањето пари е една работа. Елиминирањето на омразата, промовирањето почит и правењето на Twitter подобро место може да биде друго. Само кажувам…“, напиша Рамос.

Не долго потоа, Маск ги врати сините ознаки на некои Twitter профили со повеќе од милион следбеници без да платaт претплата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Македонија под удар на топлотен бран, објавени мерки за заштита

Angela

ГОРИВА НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ТОЧАТ ПОЕВТИНО: Ова се новите цени

Angela

КФСМ зголеми број на странци кај жените, следни се мажите?

Angela