EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Сестрата на Селин Дион за страшната болест на пејачката: „Верувам дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде“

Музичката легенда објави дека ќе ја откаже светската турнеја за 2023 до 2024 година поради борбата со синдромот на вкочанета личност. Еве што треба да знаете за нејзината состојба.

Здравствената состојба на Селин Дион ги загрижува нејзините обожаватели, особено поради премногу гласини кои кружат на Интернет, и покрај постојаните негирања од страна на уметницата и нејзиниот персонал. Додека пејачката на My heart will go on, го подготвуваше своето враќање, а потоа ја откажа турнејата наречена „Храброст“, социјалните мрежи се преполни со лажни вести за неа, некои и премногу трогателни, трети и дека дури починала.

Нејзината сестра, Клодет Дион (74), дала најнова изјава за локален медиум во Канада за актуелната состојба на здравјето на Селин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Boîte à News (@la_boite_a_news)

„Уверена сум дека животот ќе ѝ го врати она што таа го даде затоа што е исклучително интелигентна жена, многу дарежлива и талентирана и исто така вљубена во животот“, рече Клодет за Селин.

„Наместо да плачам за нејзината судбина, се трудам да ѝ испратам позитивни вибрации со надеж дека еден ден ќе се врати на сцената. Јас навистина верувам во моќта на љубовта. И посакувам многу среќа, тоа е сигурно. Таа е опкружена со специјалисти додека работи да закрепне“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Сите зборуваат за нејзината секс снимка, а згодната Теодора им одговори со провокативна поза ширијќи ги нозете

Angela

Руски психолог предупредува: Јасни сигнали дека сопругот не ве сака

Angela

Инфлуенсерот Тејт обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање група за експлоатација на жени

Angela