EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Сеќавање: 58 години од скопскиот земјотрес

26.jули 1963 година 5.17 часот наутро пред 58 години скопјани ги разбуди   катастрофален земјотрес. Околу 1.100 жители ги загубија животите, а најмалку 3.000 лица беа повредени. 200.000 скопјани останаа без дом.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски.Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“и преставува симбол на големиот земјотрес.

Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути. Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. За денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес со прака до јавноста и премиерот Зоран Заев:

– Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата, објави Заев.

По повод овој тажен ден граѓаните секоја година  со порака никогаш да не се повтори таква трагедија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„DS 7 Crossback“: Еве во што ќе се вози Макрон (видео)

Angela

Бијонсе со моќна порака по смртта на Тина Тарнер: Моја сакана кралице…

Angela

Теодора се огласи за нејзиниот порно-аудио скандал: Злосторство е тоа што ми беше направено (ВИДЕО)

Angela