EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Се бара начин да им се дозволи на граѓаните со истечени лични карти да можат да гласаат

Премиерот рече дека во минатото се давало можност и со истечена лична карта, поради неможност да се издаде нова, да се гласа со вакви документи

И од Државната изборна комисија велат дека ќе направaт сѐ за да изнајдат законски решенија за граѓаните со неважечки лични карти, кои не се во можност да добијат нови поради блокираниот закон, да можат да гласаат

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, по денешната седница на Комисијата, посочи дека доколку граѓаните имаат важечки пасош ќе можат да гласаат, но исто така дека сепак се преземаат дополнителни активности за изнаоѓање други законски решенија.

„Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите  граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија“, рече Даштевски.

Денеска и премиерот Зоран Заев зборуваше за проблемите со Законот за личните карти, кој е блокиран поради амандманите на Левица, поради што, како што рече, преку 40 илјади лични карти не се издадени.

„Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши“, изјави Заев.

Тој изрази уверување дека за да се заокружи правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение, затоа што, како што рече, во пракса и во минатото со истечена лична карта, поради неможноста да се издаде нова, се давало можност да може и со истечен рок на важење на ваквите документи да се гласа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Чудесниот ефект на кафето врз варењето

Angela

ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ БОСАНСКИ ПЕЈАЧ – неговиот син почина на прагот пред да стане татко! (ФОТО)

Angela

Мајката и бремената сопруга на трагично починатиот син на пејачот не биле на неговиот погреб денес – еве ја причината!

Angela