EXCLUSIVE MK
Автомобили НАСЛОВНА

Се ближи ли крајот на рачните менувачи?

Европското законодавство измислува сè повеќе ограничувања во однос на безбедноста на автомобилите и во таа насока помошните средства за возење се зголемуваат непрекинато. Некои од нив ќе станат задолжителни. Исто како што ЕЅР беше прогласен за задолжителен пред неколку години, сега автономното запирање за итни случаи ќе стане задолжително од следната година. Тоа важи за Европа и се однесува за сите нови модели на превозни средства. Оваа технологија е широко распространета и денес, но сè уште не е инсталирана систематски.

Проблемот е со автомобилите со рачни менувачи. Вондредното запирање предизвикува екстремна ситуација во автомобилот во итни случаи во обие да се избегне директен судир, но педалата на спојката не е притисната и моторот застанува. Овој проблем не важи за автомобили со автоматски менувач каде што АЕВ (автоматско вонредно запирање) е многу полесен за интегрирање.

Запирањето за итни случаи не е единствениот уред каде што е тешко да се комбинира со педала на спојката. Адаптивниот регуларот со функцијата Stоp & Gо, многу корисен во сообраќајниот метеж и на автопатите, но исто така е неопходен а употреба при автоматско возење. Исто така не работи добро со рачен менувач.

Од Subаru потврдија за Аutоmоtivе Nеws Саnаdа, дека ако законодавството на Северна Америка бара автоматско запирање во итни случаи, брендот може да ја преиспита позицијата за рачниот менувач, кој сè уште е во понудата. Така излегува, дека законодавните мерки ќе доведат до трајна тенденција за исчезнување на рачните менувачи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскопски знаци кои се најлоши во флертување

Angela

Дневен хороскоп за понеделник (30.08.2021)

Angela

Базен во куќата, кристален лустер, мермерни скали: Погледнете го секој агол од вилата на Цеца на Дедиње (ФОТО)

Angela