Во саботата во финалето на Евровизија победата ја однесе шведската претставничка Лорин и тоа по втор пат во изминатите 11 години.
Меѓутоа, според гласовите на публиката убедлив фаворит беше Финецот Карја кој својата земја ја претстави со песната „Cha Cha Cha“.
View this post on Instagram
Иако тој доби 376 гласови од публиката, не успеа да победи на Евровизија, бидејќи стручното жири и даде предност на шведската претставничка, па откако се собраа поените таа по втор пат триумфираше на ова музичко шоу.
Без разлика на крајниот резултат, на овој пејач му се предвидува блескава кариера, додека песната стана вирална низ целиот свет.
View this post on Instagram
Карја (Käärijä) чие правилно име е (Pöyhönen) има 29 години, а роден е во Хелсинки, а израснал во гратчето Вантау во близина на финската престолнина.
Тој својата музика години наназад ја издавал сам, а првиот дискографски договор го потпишал во 2017 година. во јануари оваа година доживеал вистински успех откако победил на изборот за песна на Евровизија во својата родна земја.
View this post on Instagram
Во една своја прилика во пресрет на Евровизија тој објавил со сите пороци кои се соочувал во минатото.
„Во првата моја песна која ја објавив во Финска пеам за коцкањето“, вели тој.
Неговото уметничко име на Фински значи „профитер“, што многумина луѓе го поврзуваат директно со коцкањето кое му било голем порок.
View this post on Instagram
Во песната со која се бореше за победа на Евровизија се пее за „слободата“, „забавата“ и „оставањето на проблемите под тепих“.
View this post on Instagram