EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Се огласи Џорџина: Роналдо сака да ја откачи, а манекенката вака се брани (ФОТО)

Во последните денови не престануваат гласините дека фудбалерот Кристијано Роналдо (38) и неговата долгогодишна девојка Џорџина Родригез (29) се на работ на развод.

Иако сè изгледа идилично, поупатените извори тврдат дека на фудбалерот Џорџина му е преку глава, бидејќи повеќе не се грижи толку за семејството, туку само за себе и за своите интереси.

Така, наводно еден од најпознатите парови останува заедно само заради заработката, затоа што станале некаков бренд, а наводно нивната врска е дефинирана со строго чуван договор. Двојката има две деца заедно, додека трите деца на фудбалерот се родени од сурогат мајки.

И додека светот бруи за тоа како Џорџина е „арогантна материјалистка кој треба да го почитува човекот кој ѝ дал лесен живот“, таа сега постираше за своите фанови неколку фотографии од снимањето на кампања за бренд за спортска облека кој е еден од нејзините најголеми. клиенти. Убавицата позираше во секси издание и кратко напиша: – Ден на снимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Покрај тоа, таа се пофали и со скапа чанта, часовник и дијаманти на прстот, а токму поради тоа многумина ја критикуваат.

„Скромноста би направила да изгледаш подобро од која било фенси облека“, „Без Кристијано не би имала ништо“, „Плитка, материјалистка и арогантка“ – се само дел од коментарите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дома сигурно го имате овој зачин, а не сте ни свесни колку може да ви помогне

Angela

ЕМИНА ЈАХОВИЌ ЌЕ СЕ МАЖИ ЗА РАЗВЕДЕН МИЛИОНЕР – пејачката е магнет за богати момчиња, само за тајниот одмор на Малдиви искеширал 15 илјади евра! (ФОТО)

Angela

Облачно и ветровито време со температури до 17 степени

Angela