EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Светот на познатите

Се породи Ријана- името на бебето почнува на буквата „Р“

Пејачката Ријана роди момче – нејзиното второ дете со раперот АСАП Роки. Според американските медиуми, бебето се родило на почетокот на овој месец.

„Добро упатени извори ни кажаа дека бебето се родило на 3 август во Лос Анџелес. Сè уште не се знае името на детето, но знаеме дека започнува со ‘Р’ и оти е момче“, пишува „ТМЗ“.

Пејачката го роди својот прв син во мај 2022 година. Пејачката, чие вистинско име е Робин Ријана Фенти, нема издадено албум од 2016 година, но последниве години, сепак, влезе во „клубот на милијардери“, користејќи ја својата слава за создавање успешни брендови за шминка, долна облека и висока мода.

Неодамна, Ријана ѝ се врати на музиката со песната „Lift Me Up“, за потребите на филмот „Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за петок, 01.10.2021

Angela

„Текно“ ги претстави новите макро-леќи за паметни телефони

Angela

Храна која ја стимулира желбата за интимност во спалната

Angela