EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Се празнува Св. Еразмо Охридски

Овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието.

Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти.

Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го ослободи од затворот, како некогаш апостолот Петар.

Потоа свети Еразмо за некое време замина во Кампања, а најпосле се повлече во градот Хермелија. Тука во мир го предаде својот дух на Бога во 303 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: Пејачката Сара Јо го покажа бујното деколте и извајаната фигура: Со заводлив танц ја вжешти атмосферата на социјалните мрежи

Angela

ЗА ЕДЕН ЗНАК ДОАЃААТ ПАРИ, ЗА ДРУГ БРАК ВО ЈУНИ – овие четири знаци ќе бидат до небото благодарни на тоа што ги чека следниот месец

Angela

Објавена последната порака на британскиот милијардер заглавен во исчезнатата подморница – по оваа порака ќе почнете да се сомневате и вие

Angela