EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

СЕ ЈАВИ И КАРЛЕУША ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО БЕЛГРАД: „Ова е предупредување за сите нас“ (ФОТО)

Трагедијата што се случи вчера во Белград, во која момче уби девет лица на училиште, меѓу кои осум деца, ја остави јавноста во шок. По тој повод се огласи и Јелена Карлеуша која испрати навистина потресна порака.

– Црн ден за Србија. Невидена трагедија. Наши деца страдаа. Од рака на дете. Детето уби осум деца а има и такви кои се борат за живот.

Детето го зело пиштолот од татка си и со список за отстрел тргнало во основното училиште. Детето не промаши. Детето убивало мирно и ладнокрвно. Детето било одличен ученик и од добро семејство. Детето не покажа милост.

Нека биде ова предупредување во каков свет живееме и како ова лудо време влијае на нашите слабости. Насилството со кое се бомбардираат децата од сите медиуми, од сите животни структури го зеде данокот.

Ова е предупредување за сите нас. Сочувство до семејствата на децата кои ги загубија животите, нека Универзумот им даде сила во оваа трагедија… и ако постои некаква правда, сите деца кои во овој момент се борат за живот нека преживеат како и нивната наставничка – напиша Карлеуша.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА – денот меѓу смртта и воскресението, се прават последните подготовки за празникот!

Angela

Четири најсреќни хороскопски знаци во јули 2023: Трудот на работа ќе им се исплати, а во срцето може да им се всели нов љубов

Angela

Сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд

Angela