EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами.

Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, соопшти Американскиот геолошки завод.

Регистриран на длабочина од 46,7 км, земјотресот се смета за плиток. Плитки земјотреси се со длабочина помеѓу 0 и 70 километри. Следуваа најмалку два силни вторичини потреси, со магнитуда од 6,2 и 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод.

На Алјаска, Националниот центар за предупредување за цунами издаде тревога за јужните делови, Полуостровот и крајбрежните области на Пацификот од Хинчинбрук до преминот Унимак.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за американската држава Хаваи и американската пацифичка територија Гуам.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Снегот во Австрија го спречи првиот сезонски тест на Рико

Angela

Хороскоп: Кој ќе биде вашиот најсреќен месец во 2022 година?

Angela

ТОРТА НА НЕКОЛКУ КАТА И ПОДАРОЦИ НА СИТЕ СТРАНИ – прославата не можеше да се одложи и покрај трагедијата која ги снајде (ФОТО)

Angela