EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Силен земјотрес синоќа го погоди Крагуевац

Силен земјотрес, синоќа 25 минути по полноќ ја погодило Србија, јавуваат тамошните медиуми. Епицентарот бил на неколку километри од Крагуевац и според Републичкиот сеизмолошки завод бил со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пак, го регистрирал земјотресот до јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скла.

„Одеднаш по полноќ почнаа да се тресат вратат и прозорците, добро стресе“, вели граѓанка на Крагуевац за Н1.
Покрај во овој град, земјотресот се почувствувал и во Кралево, но и во Белград.

Пред четири дена, исто така, имаше земјотрес во Србија. Беа регистрирани пет земјотреси со епицентар недалеку од Младеновац. Најјакиот беше од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

За него јавноста малку знае – овој моќник ја оженил водителката на емисијата „Практична жена“, а таа му го простила бурното минато (ФОТО)

Angela

Пике запуштен и со некој килограм вишок стигна во Мајами да ги види Шакира и децата (ВИДЕО)

Angela

ПРОНАЈДЕНИ МИСТЕРИОЗНИ ОСТАТОЦИ ОД ЕКСПЛОДИРАНАТА ПОДМОРНИЦА – светот во шок од најновата снимка која се прошири вирално (ВИДЕО)

Angela