EXCLUSIVE MK
Љубов и интима НАСЛОВНА

Сите мажи тврдат дека НИКОГАШ не би изневериле ваква девојка

Повеќето жени сакаат да знаат што сакаат мажите и што треба да поседува жената. Затоа, со своите искрени одговори открија кои се 5-те клучни квалитети што ги бара мажот и поради кои никогаш не би изневериле ваква девојка.

1. Самодоверба

Мажите ги сакаат жените кои зрачат со самодоверба, оние кои влегуваат исправени во просторијата и ги гледаат луѓето во очи.

Привлечноста на таквите жени кои се сигурни во својот изглед и способности лежи во фактот дека е многу полесно да се справите со нив отколку со оние на кои им треба постојана потврда од другите.

Убаво е да имате девојка која ќе се потпре на вас во одредени моменти, но со личност на која и е потребна постојана поддршка, животот може да биде малку непријатен.

2. Добра смисла за хумор

Никој не сака да биде со личност која е секогаш сериозна и негативно расположена.

Момците сакаат девојки кои знаат да се смеат на нивните шеги, кои самите знаат да кажат нешто смешно и да уживаат.

Никој не сака жена која мрачи и во се гледа само негативни работи и не знае како да се опушти.

Девојките со весел став кон животот се попривлечни за мажите.

3. Добро негувани

Никој не негира дека изгледот не е важен, на крајот на краиштата, тоа е она што го привлекува мажот кон жената на самиот почеток.

Мажите сакаат девојки кои се женствени, и тоа може да има врска со фактот дека се чувствуваат повеќе мажествено поради тоа.

Најмногу ги привлекува негувана жена со здраво тело која се грижи за себе.

4. Независност

Независноста е особина која ги привлекува повеќето мажи, затоа што ги сакаат жените кои имаат свој живот.

Жената чие однесување сугерира дека во иднина ќе се потпира исклучиво на својот маж, не е премногу привлечна.

Мажите сакаат внимание и грижа, но во исто време им треба сопствен простор.

5. Разбирање

Момците сакаат девојки што ќе ги разберат, кои ќе ги прифатат такви какви што се и ќе бидат подготвени за мали прилагодувања.

Покрај тоа, иако честопати се привлекуваат спротивности, мажите сакаат жени кои ќе ги почитуваат нивните верувања и евентуално ќе ги делат нивните интереси.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како изгледа сериозна алергиска реакција по каснување од комарец?

Angela

Премиерот не е најпопуларен: Македонските политичари на социјалните мрежи

Angela

Болката е неподнослива: Богдана не може да застане на нозе по породувањето, сите се со неа, Вељко занеме од шокот

Angela