EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

СИТЕ ПАТНИЦИ СЕ МРТВИ! НАЈНОВА ВЕСТ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ

Компанијата „Оушнгејт“ објави дека петтемина патници од исчезнатата подморница „Титан“ се мртви, со што е ставен трагичен крај на обемната потрага која траеше од неделата.

„Нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наржеоле се починати. Овие луѓе беа вистински истражувачи кои делеа авантуристички дух и длабока страст кон истражувањето и заштитата на океаните“, соопшти „Оушнгејт“.

Адмиралот на американската крајбрежна стража Пол Мауџер потврди дека роботското пловило од канадскиот брод „Хорајзон Арктик“ ја пронашло конусната опашка на „Титан“ на околу 500 метри од остатоците на „Титаник“.

„Пронајдени се и други остатоци кои укажуваат дека имало катастрофален губиток на притисокот во комората. Роботското пловило кое оперира на океанското дно близу ‘Титаник‘ останува на местото на несреќата“, кажа Мауџер.

Тој додаде дека се пронајдени пет големи дела на „Титан“.

„Не знам дали ќе можеме да ги извлечеме телата. Тоа е неверојатно сурова и непростлива средина“, додаде Мауџер.

Гилермо Зенлајн, еден од основачите на „Оушнгејт“, претходно изјави дека во пловилото можеби се случила „моментална имплозија“.

„Кога сте на голема длабочина, притисокот е толку голем што ако има дефект, би дошло до моментална имплозија. Ако се случило тоа, се случило уште пред четири дена“, изјави Зенлајн.

Очајничката потрага по подводното пловило долго 6,7 метри денеска влезе во својата критична фаза, бидејќи на петчлениот екипаж му се намалуваа залихите на кислород. Со „Титан“ беше изгубен контактот во неделата, еден час и 45 минути по нурнувањето кон остатоците на „Титаник“, кои лежат на длабочина од околу 3.800 метри.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СИМПСОНОВИ ПАК ЈА ПРЕДВИДОА ХАВАРИЈАТА? Еве ја епизодата каде Хомер вози подморница и посетува еден стар брод (ВИДЕО)

Angela

Принцот Хари може да биде протеран од САД

Angela

Кои витамини и минерали се задолжителни по 40-та година од животот

Angela