Колумбиската полицајка Алекс Нарваез освен што има сериозна работа, има и опасно добар изглед поради кој обожавателите се восхитуваат кога ќе ја видат.
Полицајката стана вирална сензација и има повеќе од 670.000 следбеници на нејзиниот TikTok. Гламурозната полицајка вообичаено објавува атрактивна содржина на социјалните мрежи во нејзината униформа, која ја истакнува нејзината извајана фигура.
View this post on Instagram
28-годишната девојка, исто така, споделува танцувачки видеа и селфи во бикини кои ги натераа обожавателите да се опседнати со Колумбијката.
„Извинете што направив криминал… Дали сакате да дојдете на мојата адреса и да ме казните“, ѝ порача корисник на „Тик Ток“.
„Треба да сакаш жена во униформа“, додаде еден.
View this post on Instagram
„Би добил казна за брзо возење секоја недела“, забележал друг. „Уапсете ме, ве молам“, се изјасни трет.
Во друго видео, како и на фотографиите, Нарваез докажала дека е исто толку жешка кога не е во униформа.
Таа напиша во објавата: „За оние кои не веруваат дека полицајките сакаат да изгледаат убаво и негувано, ние сме принцези на Дизни“.
View this post on Instagram
Обожавателите беа воодушевени и ја коментираа нејзината природна убавина.
„Ти си толку убава“, рече еден.
View this post on Instagram
„Мора да си најубавата полицајка на светот“, тврди друг. Видеото имало неверојатни четири милиони прегледи.
Инаку, згодните полицајки станаа тренд на социјалните мрежи и привлекоа масовни прегледи поради нивниот изглед.
View this post on Instagram