Пејачката Лорин од Шведска важи за една од убедливите фаворити за победа на овогодинешната Евровизија, а публиката во Ливерпул вчера уживаше во нејзиниот настап на првата полуфинална вечер.
Додека гледачите пред малите екрани видоа совршен настап на Лорин, на социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како нејзиниот настап бил прекинат од непознато момче кое скокнало директно на сцената.
Како што се гледа на видеото на „Тик Ток“ додека таа го изведуваше својот перформанс на бината се појави момче кое раширило знаме и стоело мирно до неа, но за среќа ова момче не се прослави поради тоа што режисерите перфектно го избегнале инцидентот.
@situationerr the queen continued to deliver and made it to the finals! #loreen #eurovision #eurovision2023 #tatto #fyp #foryou #fördig #fypシ #foryoupage #viral #foryoupageofficiall #fördigsidan #fördigpage #fypage #melodifestivalen #mello #esc #esc2023 ♬ originalljud –