EXCLUSIVE MK
Црна хроника

Скопјанец приведен а гостиварец со кривична пријава за поседување марихуана

Скопјанец е приведен во Охрид во понеделникот, откако кај него полициски службеници откриле марихуана, а истовремено против маж од гостиварско е поднесена кривична пријава поради одделен претходен случај кога кај него исто така е откриено извесно количество од наркотикот и сомневања дека го препродавал.

Во Охрид е приведен Е.Н. од Скопје, кај кого била пронајдена марихуаната. Од МВР информираат дека денеска во 14,40 часот на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода скопјанецот, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Р. од гостиварското село Дебреше,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.

Кај него уште на 18-ти февраури 2019 година во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед, при што пронашле и одзеле марихуана.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – бебе почина во стомакот на мајката, и дале да испие таблета за провокации, па ја пратиле дома!

Angela

Во стан во Скопје пронајдено починато 54-годишно лице

Angela

Кривични пријави против тројца тинејџери од тетовско поради насилство

Angela