EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Слатка зимница со вкус на карамела

Зимницата најчесто има миризба на зеленчук. За оваа зима предлагаме рецепт на овошна зимница која мириса на карамела.   Состојки: 2 кг. јаболка 400 гр. шеќер 2 x 125 мл. вода 2 x 15 мл. сок од лимон 1 лажичка сол 1 кесичка ванилин шеќер 50 мл. рум (или 2 кесички ванилин шеќер со вкус на
рум)

Подготовка: Излупете ги јаболката, исечете ги на четири дела и ставете ги во тенџере. Потоа додадете сок од лимон и вода. Покријте ги и варете околу 20 минути додека не омекнат. Омекнатите јаболка исцедете ги, а потоа смелете ги во пире. Во што е можно пошироко тава ставете 300 гр шеќер, додадете вода и 1 лажица сок од лимон. Потоа оставете да се вари. Кога ќе почне да добива жолта боја која наликува на карамел, додајте го пирето од јаболка во садот. Додадете го остатокот од шеќер, како и ванилиниот шеќер, а потоа мешајте постојано уште 10, 15 минути на ринглата. Џемот е готов кога ќе повлечете со лажицата, зад неа да останат чисти линии.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МАФИНИ СО ВИШНИ! Десерт на кој нема да одолеете

Angela

Работи кои не треба да ги правите пред и после сексот

Angela

Според хороскопот кои се вашите скриени желби?

Angela