EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Следете го правилото на милионерите наречено „24 часа“

Без оглед во која земја живеете, потребно е многу труд, напор и посветеност за да се достигне богатството на чесен начин, особено кога се борите низ животот сами, поточно не потекнувате од богато семејство.

Сите милионери не се родени во богати семејства бидејќи многумина со сопствен труд дошле до дебела банкарска сметка од ништо, а оние кои „пораснале во свила и кадифе“ имаат едно правило кога станува збор за трошењето пари, пренесува „Форбс“.

Имено, повеќето богати луѓе наводно веруваат во правилото 24 часа при правилен избор, а тоа се однесува на фактот дека секогаш купуваат еден скап и квалитетен предмет од тоа што им е неопходно, наместо поевтина варијанта и неколкукратно купување на истото.

Исто така, кога ќе одлучите да купите нешто, не треба да се двоумите и да донесете конечна одлука за неколку минути – само почекајте 24 часа пред конечното купување и размислете за што давате пари, па така ќе го избегнете импулсивното купување.

Најважно од сѐ е дека е најпотребно да си го поставите најважното прашање после тие 24 часа – дали го сакате она што го купувате или дали навистина ви треба. Ова ќе ве направи посмирени, а паричникот подебел.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ги красат прекрасни карактеристики: Луѓето родени во ЈУНИ се посебни

Angela

АМИЏИЌ ЗАЉУБЕН ПО РАЗВОДОТ: Оваа убавица е новата девојка на водителот (ФОТО)

Angela

Колку опаѓа капацитетот на батеријата на електричен автомобил по една година?

Angela