EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Смртоносниот срцев удар најчесто се случува во понеделник

Ново научно истражување посочува кога обично се случуваат најголемиот број фатални срцеви удари. Овој вид инфаркт е наречен СТЕМИ.

Имено, британската „Бритиш харт фаундејшн“ објави дека СТЕМИ најчесто се случува на почетокот на седмицата, т.е. во понеделник. Претпоставките засега говорат дека тоа може да биде поврзано со стрес или нарушен сон.

-Сега треба да откриеме што точно ги прави срцевите напади поверојатни во одредени денови. Ова може да им помогне на лекарите подобро да ја разберат таа смртоносна состојба за да може да спасиме повеќе животи во иднина, изјави д-р Нилеш Самани.

Според кардиологот Џек Лафан, тоа веројатно се должи на стресот од враќањето на работа.

-Зголемениот стрес доведува до поголемо ниво на кортизол – хормонот на стрес што е поврзан со поголема опасност од срцев удар, посочи тој.

За целите на ова истражување, биле анализирани податоци на 10.528 пациенти ширум Ирска, кои биле примени в болницата меѓу 2013 и 2018 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Грчка манекенка во природно издание на Канскиот фестивал, бројни реакции за нејзините веѓи на социјалните мрежи

Angela

За што се добри капините и зошто треба да ги јадете во текот на целата година?

Angela

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela