EXCLUSIVE MK
Компјутери НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Совети за подобро здравје на оние кои работат од дома

Светскиот економски форум (СЕФ) има три совети за тоа како да го зачуваат своето здравје сите оние кои работат од дома.

Првиот се однесува на ‘рбетниот столб затоа што многумина се принудени да седат долго време и да користат компјутер. Затоа се препорачува да седите на што е можно поудобна столица, со екранот на ниво на очите и стапалата рамно на подот, односно да седите без да ги прекрстувате нозете.

Вториот совет е да се будите во време кога сте се буделе и кога требало да одите во канцеларија, т.е. до работното место. Ова, исто така, создава можност за кратко утринско петминутно вежбање кое ќе биде и тоа како корисно за мускулите и ќе поттикне подобра циркулација на крвта.

Третиот совет е да вежбате надвор од работното време. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува половина час вежбање за возрасни секој ден и едночасовно вежбање за деца секој ден.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ССМ: Пратениците имаат 30 дена да ја направат неделата неработен ден

Angela

ЛИЦЕТО „НЕ Е НЕЈЗИНО“, А ГЛАСОТ НЕПРЕПОЗНАТЛИВ – кога ќе ја видите Лорин на својот прв настап на Идол нема да поверувате дека победила двапати на Евровизија!

Angela

И ПО ТРИ ДЕЦА ИЗГЛЕДА НЕРЕАЛНО – кога жените ќе видат што облече Ана Ивановиќ еден месец по породувањето ќе и позавидат во истиот момент! (ФОТО)

Angela