EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Сончево, ветровито и топло до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До среда времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер и дневните температури ќе бидат во опаѓање.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим

Angela

МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

Angela

Биткоин повторно над 50.000 долари, која му е вредноста?

Angela