EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Сончево со умерена локална облачност и со температури до 34 степени

Денеска се очекува сончево време со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 степен.

За време на викендот, според УХМР, ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава.

Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Здрава храна која прави да се чувствуваме уморно

Angela

Домашна маска за лице од само 3 состојки

Angela

Јунешкото од 390 се качи на 510 денари за килограм, а свинското е поскапено за 20 отсто

Angela