EXCLUSIVE MK
Uncategorized

СОСЕДИТЕ ЈА НОСЕЛЕ НА ПОРОДУВАЊЕ, А ТОЈ НЕ БИЛ ДОМА – пејачот од „Ѕвездите на гранд“ го чека второто дете со 15 години помладата пејачка! (ФОТО)

Поранешните натпреварувачи во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Емир Хабибовиќ и неговата 15 години помлада сопруга Тамара Селимовиќ минатата година станаа родители на девојчето Аријана, а пејачите сега открија дека чекаат уште едно бебе.

Тамара на својот Инстаграм профил сподели видео во кое таа и нејзиниот сопруг решија да го дознаат полот на бебето на необичен начин, без да соберат голем број луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara (@selimoviictamara)

Имено, Тамара во друштво на својата ќерка отвори кутија од која излегоа розови балони, а во позадина свиреше песната „Малата принцеза“.

– Второ! – напиша среќната пејачка.

Изгледа дека освен неа се израдувала и малата Аријана, која играјќи со балоните веднаш влегла во големата кутија, а Тамара веднаш го снимила овој емотивен момент на својата инстаграм приказна.

Да потсетиме, Тамара и Емир за прв пат станаа родители во јуни минатата година, а по повод доаѓањето на наследничката организираа гала прослава во главниот град на кој ги собраа семејството и пријателите, како и бројните колеги од музичкиот свет.

Во една прилика Емир ги откри деталите за раѓањето на Тамара, а верувале или не, тој во тој момент бил надвор од државата.

-Во четвртокот отидов во Австрија каде имав настап и мислев дека нема да се породи додека не се вратам, но имаше чувство дека ќе биде во петок и беше во право. После настапот легнав и го оставив телефонот до главата за секој случај да се разбудам околу 3 и да видам пропуштени повици. Беше сама дома и испаничена, и реков да оди кај соседите кои претходно не ги ни познававме, а тие ја однесоа во болница и им благодарам – се присети неодамна Хабибовиќ за српските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Со какво мени до долговечност?

Angela

По шест месеци брак ја остави поради Шехерезад: Еве како изгледа првата сопруга на турскиот актер Халит Ергенч (ФОТО)

Angela

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение, еве зошто се токму во црвена боја

Angela