EXCLUSIVE MK
СПОРТ Фудбал

Со два гола предност Ливерпул ќе патува на реваншот во Вилјареал

о два гола предност Ливерпул ќе патува на реваншот во Вилјареал во полуфиналната рунда од Лигата на шампионите.
Ова откако англискиот претставник ја искористи предноста на домашниот терен и пред својата публика на „Енфилд“ ја совлада популарната „жолта подморница“ со 2-0.
Двата гола беа постигнати во рок од две минути и тоа откако Еступињан во 52-та си постигна автогол, а Мане во 55-тата беше стрелец на вториот погодок.
Реваншот во Вилјареал на програмата е во вторник
(3 мај), а ден подоцна (среда – 4 мај) во Мадрид ќе се одигра и реваншот меѓу Реал и Манчестер Сити во кој англискиот шампион ќе стартува со предност од 4-3, остварена на првиот натпревар во Англија.
Извор: Сител

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ексклузивно ВИДЕО: Прва навивачка химна од навивачите за ракометната репрезентација за ЕП

Angela

Кралско испраќање за Кире Лазаров

Angela

Откако го договорија Меси, Инстаграмот на Интер Мајами – „експлодирал“! (ФОТО)

Angela