EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Со две состојки до чиста даска за сечкање

Доколку не се чисти редовно, на дрвената даска за сечкање останува храна, која подоцна тешко се отстранува и која станува одлична основа за развој на разни бактерии. Токму затоа, за да бидат чисти даските за сечкање месо и зеленчук наш предлог е брзо чистење со две познати средства: паста за заби и алкохолен оцет.

Сѐ што треба да направите е да измешате алкохолен оцет и паста за заби, да ја нанесете смесата на даската и да ја оставите да делува еден час, а потоа да ја измиете и да ја ставите даската да се исуши на сонце.

Имено, пастата е малку абразивна, а често содржи и сода бикарбона која го отстранува забниот плак и прави чуда во отстранувањето на дамките. Од друга страна, алкохолниот оцет е одлично средство за чистење поради високото ниво на киселост и лесно може да раствори траги од сапун и бигор од површината.

Постои и уште еден ефикасен начин, а тоа е со помош на сок од лимон, кој исто така е одличен производ за чистење поради неговата киселост.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Омилена храна на светските лидери

Angela

Неочекувани предизвикувачи на главоболка

Angela

Кога би знаеле колку е лековит сокот од компири, би го пиеле секој ден!

Angela