EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Со ДНК анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите, телата се изгорени до непрепознатливост

Ќе се прави ДНК-анализа за да се утврди идентитетот на загинатите меѓу кои има 12 деца, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов. Тој рече дека ќе се анализира дали причина за несреќата е грешка на возачот или технничка неисправност на автобусот.

Тоа што во моментов можам да кажам е да ве информирам според кои приоритети работиме како обвинителство, а тоа е да утврдиме дали се работи за грешка на возачот на автобусот или станува збор за техничка неисправност на автобусот која довела до катастрофа и фатален исход, изјави Сарафов.

Четири автобуси биле на релацијата од Истанбул, имаме информација дека биле 52 патници, 12 деца, а седум се преживеани. Оттаму, нашата математика е дека загинале 45 патници.Ќе биде направена ДНК-анализа на сите жртви, со цел да се утврди идентитетот на загинатите. Тоа што го имам како информација е дека во автобусот немало бугарски граѓани, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов.

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков , кој е на местото каде сe запали македонски автобус во кој изгореа 45 патници, рече дека истрагата ќе ги разјасни деталите. Сосема е можно палењето на автобусот да е предизвикано од допир со заштитната ограда. Се слушнаа секакви верзии, вклучително и истекување на гориво, но сè уште нема конечни резултати.

Телата се изгорени до непрепознатливост. Останува да видиме дали на автопатот има косини кои отстапуваат од дозволенито, рече Рашков.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

КОСОВО И АЛБАНИЈА СЕ БРАТ И СЕСТРА, А НИВНАТА МАЈКА Е „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ – албанската претставничка на сцената настапи со целото семејство (ВИДЕО)

Angela

Што е микро-неверство и зошто овој тип на неверство не треба да го игнорирате

Angela

Дали знаевте: Женска особина која најмногу ги плаши мажите

Angela