EXCLUSIVE MK
Македонија

Со лична карта низ Западен Балкан, македонската влада подготви предлог на Закон

Македонската влада на својата 135. седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, кој се темели на претходно постигнатиот консензус меѓу шесте земји. Таквиот консензус беше постигнат на 3 ноември 2022 година во Берлин, а сега доаѓа на ред фазата за негово усвојување од собранието како највисок законодавен орган.

Станува збор за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, што се случува како иницијатива на нашата земја.

– Договорот, според образложеното од предлагачот, има за цел натамошно унапредување на соработката и олеснување на условите за патувањето, вклучително и унапредување на односите помеѓу земјите од Западен Балкан, преку поедноставување на административните постапки во поглед на влез, транзит и краткорочен престој на лицата носители на лични карти, издадени од наведените земји.

Покрај ова на седницата на Владата бил утврден и текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан,- се вели во соопштението на Владата.

Според информацијата од Министерството за надоврешни работи, ова е во согласност со Лисабонската Конвенција за признавање на квалификации коишто се однесуваат на високото образование во европскиот простор, како дел од иницијативата за формирање Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година), а е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамките на сите шест земји од Западен Балкан.

Со Договорот се уредува признавањето на високообразовните квалификации, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од Страните.

Владата го утврди и текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија.

Договорот, како што е објаснето од предлагачот, предвидува автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на минималните барања за трите професии утврдени со овој Договор и со Директива 2005/36/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 7 септември 2005 година, за признавање на професионалните квалификации, изменета со Директивата 2013/55/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 20 ноември 2013 година.

Договорот предвидува заедничка постапка за признавање на професионални квалификации, постапката за регресно признавање квалификации, ги предидува јавните исправи коишто се потребни за признавање на професионалните квалификации, за употреба на професионални звања на квалификации, како и употреба на академски звања.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Досега 870 граѓани по втор пат се заразиле од Ковид-19

Angela

Денес преку ден сонце, попладне дожд – еве какво време не очекува утре на 1 мај, секоја година исто разочарување…

Angela

УТРЕ СПОЕН ВИКЕНД, А ЗА СЛЕДНИОТ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДОЛГО – еве кога ни доаѓа следниот неработен ден кој е среде недела!

Angela