Поранешниот учесник на „Задруга“, Стефан Кариќ и официјално е осомничен дека ја претепал старлетата Наташа Шавија, која поради повредите моментално е во болница и ја чека операција.
Според неа, Кариќ на свадба ѝ нанел тешки физички повреди, а по тепањето му се губи секаква трага. Го исклучил мобилниот телефон, но и профилот на социјалната мрежа Инстаграм.
Но, вчера на мрежите се појавија информации дека Стефан Кариќ е во Нови Сад и дека по тепањето за кое е осомничен, нормално си пие во ресторан и покрај тоа што полицијата трага по него.
Да потсетиме, Наташа Шавија беше примена во болница откако претрпе физичко насилство на свадбата на која го придружуваше Стефан Кариќ.
Констатирани и се тешки физички повреди, поради што е сместена во болница каде ја чека операција. Набргу по инцидентот главен осомничен станал Стефан Кариќ и полицијата од тогаш трага по него.