EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Средношколците постигнаа компромис со МОН

Државната матура ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти која беше најмногу погодена од прекините на наставниот процес.

Три од четирите барања на Сојузот беа прифатливи за МОН, по што Генералното собрание на Сојузот на средношколци го прифати компромисот.

Ќе бидат обезбедени банки со прашања за интерните испити и овие испити ќе носат повеќе поени при уписот на факултет. Понатаму, ќе се намали бројот на прашања и бодови на првиот екстерен испит, а тој ќе се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дополнителни 2 поени при уписот, појаснува Сојузот на средношколци.

Банките со прашања за интерните испити ќе бидат споделени најдоцна 4 недели пред испитот. Овие банки ќе содржат број на прашања три пати поголем од бројот на прашања на испитот, што според Сојузот е значајно олеснување за матурантите бидејќи ќе имаат доволно време соодветно да се подготват за интерните испити.

Наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, Генералното собрание на Сојузот ја прифатило понудата на МОН да се намали обемноста на испитот. Истиот ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања.

Photo by Redd F on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Целиот арапски свет лут на Георгина Родригез – таа тверка ли тверка во тесни хеланки, законите и правилата не важат за семејството на Роналдо (ВИДЕО)

Angela

Сите мажи тврдат дека НИКОГАШ не би изневериле ваква девојка

Angela

Позната е причината за смртта на Саша Видиќ, нема да се прави обдукција

Angela