EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Срцевите болни не треба да пијат ладна вода

На срцето, односно на кардиоваскуларниот систем при високи температури може да се помогне со редовно внесување на течности. Сепак, срцевите болни не треба да земаат премногу разладена вода, особено не одеднаш во големи количини. За овие пациенти се препорачува малку разладена течност, која се зема во помали количини во текот на целиот ден. Многу помага и типичната летна исхрана, која претежно се состои од многу овошје и зеленчук.

Здравата исхрана богата со сезонска храна го зајакнува имунитетот и може да ви помогне доколку сте чувствителни на временските промени. Јадете многу овошје богато со витамин Ц, риба, јаткасти плодови и други намирници богати со омега-3 масни киселини, а избегнувајте храна богата со јаглехидрати којашто може да го зголеми чувството на замор.

Што му годи на срцето? Одењето на умерена надморска височина до 800 м, каде што организмот поинтензивно произведува црвени крвни зрнца, може да има корисен ефект врз срцето, бидејќи еритроцитите го снабдуваат со доволно кислород.

Затоа се препорачуваат дневни, пократки прошетки од барем половина час во парк или во природа, бидејќи тоа е најлесниот начин организмот да се усогласи со годишното време. Од временските услови не треба да бегате, туку да станете свесни за нивното влијание.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери за туризам

Angela

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК: Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица

Angela

ЛЕСНИ ИНСТРУКЦИИ: Што треба да содржи балансиран појадок?

Angela