EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Станија од непознат бизнисмен добила часовник вреден 15.000 евра: „Моето ново бебе“ (ФОТО)

Старлетата Станија Добројевиќ неодамна се врати од Америка, поточно од Лас Вегас каде ужива во луксузот, а сега на Инстаграм се пофали со скапоцен часовник од марката „Ролекс“, кој го добила како подарок.

Имено, Станија по враќањето од Америка ја дочекал проблем, односно ја исфрлиле од куќата во која живеела подолго од деценија.

Таа брзо се снашла и се преселила во луксузна вила во една од најбогатите држави, а последните неколку недели таа престојува во Лас Вегас.

Станија сега се пофали со скапоцен часовник кој го добила од непознат милионер, кој изгледа на сите начини се обидел да ја освои.

Старлетата го покажала „Ролексот“ кој го добила, а цената за тој часовник е 15.000 евра и украсен е со дијаманти.

„Моето ново бебе“ – напишала старлетата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Знаци кои потврдуваат дека партнерот повеќе не ве привлекува

Angela

Македонија започна со победа во квалификациите за ЕП

Angela

Неуромедика прв спонзор на ФК Вардар – потпишан 5 годишен договор за медицинска грижа

Angela