EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

СТОПИРАНО РЕНОВИРАЊЕТО НА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ЦЕЦА НА КИПАР – се вмешала и власта, се огласи и Вики Миљковиќ која е главен виновник за сè! (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ е во проблеми. Иако долги години планира, никако да ја реновира вилата на Кипар која е нејзина летна оаза. Кипарските власти не и даваат дозвола за градежни ативности бидејќи куќата се наоѓа покрај самиот морски брег во Аја Апа.

По овој повод се огласи и нејзината кума Вики Миљковиќ во чии раце е реновирањето на вилата на Цеца.

Имено Вики Миљковиќ заедно со нејзиниот сопруг Ташко започнале градежен бизнис, а прва на листата која им ја даде довербата беше Цеца уште пред една година кога потпишаа договор за реновирање.

-Малку не забави добивањето на градежната дозвола на Кипар, која не зависи од нас, него од нивните државни органи. Во меѓувреме се случија и неколку глобални непогоди, така да чекаме да се создадат сите поволни услови и да се фатиме за работа, вели Миљковиќ за српски Телеграф.рс.

На речиси петстотини квадратни метри луксузната куќа преовладува белата боја, типична за крајбрежјето. До централниот влез се стигнува преку балконот, додека поплочената патека која се протега низ дворот води до страничниот дел со пространа тераса.

Цеца го сака тој балкон бидејќи нуди прекрасен поглед на морето, но и се спушта до базенот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пилешко со моркови на едноставен начин: Месото е сочно и меко како путер

Angela

Меркур влегува во Близнаци: 11 јуни е клучен, а ТРИ знаци треба да да се подготват за важни разговори!

Angela

Аргентинскиот песто сос е совршен додаток на јадењата

Angela