EXCLUSIVE MK
Исхрана

Студија: Најдобрата исхрана за долг живот вклучува чоколадо и го исклучува црвеното месо

Колку и да го обожавате чоколадото, понекогаш ви се чини дека не можете да го вклопите во вашиот режим за слабеење. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија прегледале стотици нутриционистички студии спроведени во текот на изминатата деценија во потрага по она што нуди најдобри шанси за подолг и поздрав живот, а резултатите ги навеле да заклучат дека чоколадото може да биде дел од таков исхрана.

Она што е важно да се напомене е дека станува збор за исклучиво темно чоколадо со висока содржина на какао, а црвеното и сите видови месни преработки треба целосно да се елиминираат. Се препорачува и постење секој ден во период од 12 часа, со што остануваат уште 12. часа дневно во кои треба да се распоредат сите оброци.

Мешунките, интегралните житарки и зеленчукот се клучен дел од нивниот план за исхрана, како и многу јатки и маслиново масло. Некои риби се дозволени, а внесот на пилешко мора да биде многу мал, како и внесот на шеќер и рафинирани житни производи како бел леб и тестенини.
Главниот автор Др. Валтер Лонго, експерт за стареење и биолошка наука, тврдел дека правилата на оваа диета не се само за слабеење. Наместо тоа, како што вели Др. Лонго: „Тие имаат за цел да го забават стареењето и да помогнат да се избегне морбидитетот и да се одржи здравјето во староста“.

Многу докази сугерираат дека овие обрасци на исхрана ќе промовираат здрава функција на клетките и ќе ја спречат дебелината, дијабетесот и ракот. Др. Лонго и професорката Розалин Андерсон, експерт за стареење на Универзитетот во Висконсин, ги објавија своите наоди во списанието Cell.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Да пиете кафе веднаш штом станете не е добро: Слушнете важно предупредување на лекарите

Angela

Неочекувани предизвикувачи на главоболка

Angela

Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Angela