EXCLUSIVE MK
Црна хроника

Судир помеѓу два автомобила во Скопје, повредени двајцата возачи

На  25.07.2021 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Т.(56) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(27) од Скопје.

Во незгодата З.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Царината на граничниот премин Табановце запленила 1.000 антиген тестови за Ковид-19

Angela

Маж од Сарај донесен на клиника, повреден е од залутано зрно

Angela

Во стан во Скопје пронајдено починато 54-годишно лице

Angela