EXCLUSIVE MK
Шоу биз

Сузана Турунџиева е неутешна по неговата смрт – денеска му беше роденден, но се слави на небото (ФОТО)

Секој 19 април, нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева се потсетува на роденденот на својот брат Панде Турунџиев, кој под се уште неразјаснети околности пред речиси 23 години го загуби својот живот. Сепак, сестринската љубов трае вечно, а Турунџиева ниту една година не дозволи тој да биде заборавен.

– Едно братче на небото денес слави роденден. Панде среќен роденден…- Напиша водителката под колажот фотографии објавен на Фејсбук, а направен во чест и сеќавање на својот брат.

Инаку, за причините за смртта на Панде се уште не се знае, за сега постојат само претпоставки и недоволни докази како всушност тој го загубил животот.

Како што пренесуваа медиумите во тоа време, наводно станувало збор за убиство, а една година подоцна посмртните останки на Панде од Канада каде живеел, биле донесени во Битола. Братот на Турунџиева го загубил животот на само 36 години, пренесува „Женски магазин“.

Како што пишуваа медиумите, тој работел како инженер во Канада, но под неразјаснети околности мистериозно исчезнал на 13 ноември 2001 година.

Наводно, бил киднапиран а потоа застрелан. Сепак, ниту семејството ниту полицијата никогаш не ја дознаа вистината, а Сузана, како што изјави во една прилика, никогаш не успеала да го најде времето кое лечи се. Затоа 23-та година по ред, таа не дозволува споменот на Панде да згасне, а тоа го докажа и овој роденден објавувајки колаж фотографии, спомен од нивното убаво поминато време исполнето со многу љубов.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Милица Тодоровиќ ги покажа сестрата и братот, сличноста меѓу убавите девојки е голема (ФОТО)

Angela

Слаткото девојче кое го освои Балканот денес е вистинска убавица: Еве како изгледа шармантната Лена (ФОТО)

Angela

Младенци кои го воодушевија регионот: Видеото од нивниот танц е најгледано овие денови! (ВИДЕО)

Angela