EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА Светот на познатите

Сурова првоаприлска шега: Од Сара Поли било побарано да го врати Оскарот!

Канадската режисерка Сара Поли сподели со јавноста дека нејзиното 11-годишно дете направило лажно писмо за Денот на шегата, со кое ја известува во името на Академијата дека треба да го врати Оскарот што го добила.

Нашата публика ја знае Сара уште од нејзините актерски денови, кога настапуваше во серијата „Патот за Авонли“ како тинејџерка.

Таа минатиот месец го доби ова признание за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Жените зборуваат“ минатиот месец, а во писмото „ја известиле“ дека Оскарот ќе оди во рацете на Едвард Бергер, за адаптација на сценариото за „На запад ништо ново“.

– Жалиме за Вашата загуба, но доделувањето ќе биде фер и исправно доколку Оскарот се додели на вистински најдоброто адаптирано сценарио,- пишува во писмото, кое е „потпишано“ од Дејвид Рубин.

Откако Канаѓанката го сподели ова преку „Твитер“, кон шегата се приклучи и режисерот на филмот „На запад ништо ново“, Едвард Бергер.

– За да заштедиш на трошоците од испраќање на наградата, од Академијата ме прашаа јас да ти ја споделам мојата домашна адреса и да може да ми го пратиш директно на мене. Ќе ти пишам за кратко. Дали може да направиме така?,- прашува Бергер во коментарот под твитот со писмото.

Photo: RealSarahPolley – Twitter

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Почнуваат велигденските празнувања

Angela

Што е подобро? Свежо цеден сок или смути?

Angela

7 занимливи факти за Месечината

Angela