EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Ракомет

ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

Трагедија на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите во ракомет во Келн, Германија. Новинар почина откако му се слоши на мечот за титулата помеѓу Магдебург и Кјелце. Станува збор за полскиот новинар Павел Котвица кој работеше за порталот „Ехо Днија“.

Во 18 минута од второто полувреме натпреварот беше прекинат кога на новинарот му се слоши во новинарската ложа. Неговите колеги околу него побараа прекин на натпреварот и повикаа брза помош.

Му беше извршена реанимација, на носилки беше изнесен од „Ланксес арената“ и со возило на брза помош беше префрлен во болница.

Околу еден час по завршувањето на финалето, од болницата беше пријавено дека новинарот починал. Ова беше потврдено и во соопштението на Европската ракометна федерација.

– ЕХФ жали за загубата на колегата од медиумите кој почина за време на фајналфорот на ЕХФ. Тој доби лекарска помош во второто полувреме, но за жал, почина. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и роднините – се наведува во соопштението на ЕХФ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕВОЈКИТЕ ПОЛУДУВААТ ОТКАКО ОСЛАБЕ 50 КИЛОГРАМИ – синот на Лепа Брена си го смени изгледот од корен, но не застанува тука! (ФОТО)

Angela

Ќерката на Синиша Михајловиќ се омажи во градот каде тој испиша историја – додека таа блескаше во бело, оваа личност БЕШЕ ВО ЦРНО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ (ФОТО)

Angela

ОВАА магична реченица ќе ви ја спаси врската или бракот, ја завршува секоја расправија

Angela